Целите за учење на настанот што ќе се организира во Скопје вклучуваат потврда на наодите од
прегледот на постојната НППР, потсетување за клучните концепти од мерењето на резултатите
и негова примена во подготовката на новата НППР.
Обуката ќе вклучува сесии за
- Образложение на мерењето на резултатите,
- клучни концепти во мерењето на резултатите и нивна примена во планирањето на
новата НППР, - подобрување на рамките за следење и оценување на клучните предложени исходи
од НППР.
Очекувани резултати
- потврда на прегледот на постојната НППР,
унапредување на вештините за следење и оценување, - надополнување на клучните исходи со солидни показатели за постигнувањето, како и
дефинирање клучени резултати по исход, - договарање на следните активности за подготовка на НППР, вклучувајќи ги и
механизмите за следење.
Повеќе инфо на за работилницата симнете тука.
На 13.09.2019 година беше одржана “Конференција за одржливост на проекти финансирани со ИПА средства”, во организација на Секторот за управување со средствата од инструментот за претпристапна помош – ИПА, при Министерството за финансии и Националниот координатор за авторизација (НАО), структури кои се одговорни за следење и надзор на одржливоста на проектите финансирани со ИПА средства.
Конференцијата е во рамките на проектот ,, Поддршка на националните власти за ефикасно исполнување на условите утврдени со договорите за финансирање и наодите од ревизија во врска со спроведувањето на ИПА ll помошта,, финансирано од ЕУ.
На истата беа соделени искуства и Упатсва за одржливост на проектите финансирани од ИПА од страна на Министерство за финанасии. Свое обраќање имаа заменик министерката за финансии, државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, Националниот координатор за авторизација (НАО), како и претставник од Делегација на ЕУ.
Од 19-21 септември 2019 г. во организација на Советот на Европа и Европската Унија, во х.Дрим, Струга се одржа основна обука за Трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, како дел од проектот во рамките на Хоризонталниот инструмент (HF) за спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија (фаза II)- „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“.
На обуката учествуваа претставници од многу релевантни институции кои се директно инволвирани во случаите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, меѓу кои и претставници на Државниот инспекторат за труд, кои покрај присуството, свој придонес дадоа и со директно учество на обуката, преку презентација на своето знаење и вештини, како и излагање на практични примери и вежби кои би им послужиле на учесниците во случај на идентификување на дело на трговија со луѓе заради трудова експлоатација.
Една од целите на обуката беше и зголемувањето на вештините на трудовите инспектори кои не ја поминале основната обука, како и откривање, упатување и прелиминарно идентификување на жртвите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, врз основа на однапред дефинирани индикатори, како и зајакнување на меѓуинституционалната соработка и воспоставување контакти помеѓу трудовите инспектори и клучните чинители во борбата против трговијата со луѓе.
Со оглед на тоа што трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во моментот претставува глобален проблем и е кривично дело со кое се ограничуваат и кршат основните човекови права, Државниот инспекторат за труд и понатаму ќе продолжи да дава свој придонес во борбата против овој феномен.
Државниот инспекторат за труд во соработка со Советот на Европа ХИ II и Европската Унија, преку проектот за превенција и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија, денеска одржаа тркалезна маса насочена кон откривање, идентификација и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, на која учествуваа директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска, Националната координаторка, Национална Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграцијa и државна секретарка на МВР Магдалена Несторовска, Оперативната раководителка на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје Лејла Дервишагиќ,, трудови инспектори и други засегнати страни.
На тркалезната маса беа презентирани наодите од анализата која беше изработена од експерти и која се однесуваше на ставот и перцепцијата на трудовите инспектори за состојбата со трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација и потребите од обука со цел јакнење на нивните капацитети.
Трудовата експлоатација, односно принудната работа и трговијата со луѓе претставува грубо прекршување на човековите права и правата на работникот. Со цел да обезбеди доследна примена на законите, инспекторите го мониторираат нивото на усогласенот на актите и процедурите на работодавачите во различни сектори од економската дејност. Државниот инспекторат за труд, како орган кој со закон има надлежност да постапува во сите регистрирани и нерегистрирани субјекти кои вршат определена дејност, има голема улога во детектирањето и откривањето на потенцијалните жртви на трговија со луѓе. Трудовите инспектори при вршењето на инспекциски надзори честопати се оние кои први доаѓаат во контакт со потенцијалните жртви на трговија со луѓе и од голема важност е да бидат запознаени со индикаторите за рано откривање на потенцијалните жртви, како и да имаат јасна претстава за ова кривично дело, со што не би се пропуштиле дејствијата кои треба да се превземат и да не ги игнорираат индикаторите кои укажуваат дека можеби во конкретен случај постои трговија со луѓе,истакна директорката Тренчевска.
Исто така, беше истакната и важноста на заедничката меѓусебна соработка особено со Министерство за внатрешни работи во борбата против трговија со луѓе заради трудова експлоатација, како и со остабнатите релевантни чинители.
На тркалезната маса беше присутен и меѓународен експерт од Бугарија кој сподели искуства и позитивни пракси од работата на трудовата инспекција во Бугарија.
Воедно, на тркалезната маса се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат трудовите инспектори при откривање и прелиминарно идентификување на жртвите на ТЛ заради трудова експлоатација врз основа на претходно дефинирани индикатори како и препораки за проценка на потребите за обука и зајакнување на знаењето на инспекторите за различните потреби на жените и мажите – жртви на ТЛ со цел трудова експлоатација.
Справувањето со неформалното вработување и соодветната заштита на работниците се предизвик и на глобално ниво, но и кај нас и бара меѓуинституционален и координиран пристап на сите надлежни институции, како и размена на информации и соработка со социјалните партнери и граѓанските организации.
Државниот инспекторат за труд е еден од главните чинители во процесот на сузбивањето на неформалната работа.
ДИТ врз основа на континуирана анализа на спроведените надзори на терен и анализа на изготвените извештаи ги разработува и подобрува алатките за справување и сузбивање на неформалната работа.
Врз основа на овие анализи ДИТ ја следи усогласеноста на правните субјекти со законската регулатива и ги насочува своите ресурси во вршење на инспекциските надзори кај оние работодавачи во дејностите каде што е утврдена најниска усогласеност со законската регулатива и дејности кои во најголем број на случаеви се појавуваат како најчести прекршители на одредбите од трудовото законодавство, истакнав на денешната промоција на кампањата
“За да имаш подобар персонал – грижи се подобро за персоналот”, насочена кон справување со непријавена работа.