
Безбедност и здравје при работа
Безбедноста и здравјето при работа (БЗР) претставува едно од основните права на работниците, што е утврдено како такво во рамки на конвенциите на Меѓународната организација на трудот, во законодавството на Европската унија, Европската социјална повелба на Советот на Европа, а истото е загарантирано како право и со Уставот на Република Северна Македонија.
Областа на безбедност и здравје при работа, како исклучително комплексна и пред сè мулти-секторска и мулти-дисциплинарна област, е регулирана со поголем број на законски и подзаконски акти, а за нејзината примена и имплементација неопходна е интензивна координација, комуникација и соработка помеѓу различни државни институции и органи, социјалните партнери и останати релевантни субјекти.