Промена на јазик


ПРИЈАВА


ЈАВЕТЕ СЕ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОJ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
KUVENDI I REPUBLIKËS SË MAQEDONISË SË VERIUT

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД, М-р Јована Тренчевска

Како ја гледате улогата на ДИТ и неговото влијание на целокупната состојба во областа БЗР?

Неспорен е фактот дека Државниот инспекторат за труд е во нераскинлива спрега со системот за безбедност и здравје при работа и неговата функционалност и ефикасност на терен. Ако анализираме посуштински, лесно ќе се увиди дека секој правен акт од областа БЗР, без разлика дали е законски или подзаконски, по неговото усвојување и објавување во „Службен весник на РСМ“, преминува во надлежност на ДИТ, односно државните инспектори за труд кои вршејќи инспекциски надзор ја следат и неговата имплементација на терен, а преку тоа и неговата функционалност и применливост.

ДИТ е првата државна институција која може да ги согледа позитивните страни, но и пречките во пракса од секое ново донесено правно решение во областа БЗР, да согледа дали истото е функционално, применливо на терен, да прибере информации, ставови и размислувања, директно од засегнатите страни кои треба да го имплементираат (правни субјекти, стручни лица за БР, синдикални организации и сл.). Ова го велам затоа што од почеток, со моето доаѓање како прв човек на ДИТ, реков и сѐ уште стојам на ставот дека улогата на ДИТ не треба да биде само ,,механичкa” контрола на спроведеното и како резултат на тоа финално да имаме Записник во кој согласно со утврдената фактичка состојба ќе констатираме дека има или нема неправилности кај правното лице кај коешто се врши инспекцискиот надзор. Настојував и настојувам активностите да ги насочуваме кон укажување односно делуваме советодавно кај работодавците за примена на мерките. Секако таму каде што е неопходно се применуваат и репресивни мерки, но секогаш како последна мерка. Нормално работодавците, стручните лица и синдикатите се тие кои треба првично да делуваат во имплементација и почитување на постоечките законски решенија, но и сите измени, а ние сме тие кои ги потсетуваме, советуваме доколку нешто не е спроведено или е спроведено нецелосно со крајна цел зачувување на безбедноста и здравјето на вработените.

Прочитај повеќе..


Најчесто прекршоците се однесуваат за исплата на плати и додатоци на плата (прекувремена работа, додаток за минат труд), исплата на плата во износ помал од утврдената минимална плата, откази на договорите за вработување, непостоење на евиденција на работното време, прекршоци во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа – систематски лекарски прегледи за вработените, обуки за безбедности и здравје при работа, проценка на ризик, како и врз основа на Законот за заштита на населението од заразни болести – неистакнување на промотивен материјал за носење на заштитни маски на лицето, не се врши дезинфекција, нема поставено информација за спречување на ширење на ковид-19, необезбедување на канти за отпадоци со капак и хартиени марамчиња, како и непочитување на мерките за спречување на ширење на корона вирусот согласно Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

ПРВИОТ ЧОВЕК НА ТРУДОВИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ФАКТОР: Ние сме тие што ќе ги натераме газдите да ги исплатат платите


Без разлика какви постапки ќе преземат Генералниот секретаријат на Владата и Јавното обвинителство, институција која треба и планира да ги натера газдите неплаќачи да се раздолжат кон работниците и да им ги исплатат нивните плати, е Државниот трудов инспекторат.Директорот на Трудовата инспекција, Аљајдин Хавзиу, за Фактор вели дека независно како овој случај ќе го тераат Генералниот секретаријат и Обвинителството, Државниот инспекторат ќе прати инспектори во сите фирми што не исплатиле плата на работниците, и токму тие ќе бидат оние кои се напрвата линија што треба да ги натераат работодавачите да се раздолжат кон своите вработени.

Хавзиу вели дека всушност трудовите инспектори ги „ловат“ не само фирмите што добиле државни субвенции, туку и оние кои не зеле државна помош, а не им ја исплатиле платата на работниците.

Имери: Прекршочни за работодавачите кои не почитуваат решенија, работниците имаат право на приватна тужба (ВИДЕО)

Со цел примена на уредбите на Владата, трудовиот инспекторат изминатиов период направил над 7000 вонредни инспекциски контроли, информира раководителот на сектор, Амир Имери, во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-На терен се соочуваме со разни проблеми. Има случаи кога на работниците им се откажуваат договорите за вработување. Во тој случај Трудовиот инспекторат донесува решение по утврдување на фактичката состојба и отстранување на недостатоците утврдени со записник. Во тој случај даваме рок за да се исправат недостатоците. Имаме враќање на работници, исплати на плата, вели Имери.

Што се однесува на почитувањето на правото на работниците да останат дома доколку се во ризична група од заболување со коронавирус, тој нагласува дека свеста кај работодавците е зголемена.

АЉАЈДИН ХАВЗИУ, ТРУДОВ ИНСПЕКТОРАТ: СИТЕ ФИРМИ ПОСТАПИЈА ПО РЕШЕНИЈАТА НА ИНСПЕКТОРИТЕ

Со препораките на Владата до компаниите поврзани со корона пандемијата, работодавачите добија нови насоки како да ја организираат работата, а работниците – дополнителни права во насока на поголема лична заштита и грижа за семејствата. За тоа колку компаниите ги прифаќаат и почитуваат правата на своите вработени, и колку работниците се борат за истите, InStore разговараше со Аљајдин Хавзиу, директор на Државниот инспекторат за труд. 

Прочитај повеќе..

Хавзиу ,, Нема жолт картон, врднаш ќе се казнува работодавачот, кој не пуштил дома родител на дете до 10 години.

Од денес на сила стапуваат нови позасилени мерки за непочитување на владините препораки за заштита од коронавирусот кои треба да ги применуваат државните инспекторати.

Директорот на Државниот инспекторат за труд вели дека нема повеќе предупредувања за работодавците кои ќе бидат пријавени дека не дозволиле работник со дете до 10 години да остане дома по воведувањето на препораката.

„Нема повеќе ‘жолт картон’ за оние кои не ги почитуваат препораките. Денес добивме строги упатства од Владата веднаш да казнуваме за непочитување. На дежурниот телефон по воведување на мерката имавме 300 јавувања. Генерално се однесуваат за препораката еден родител да остане дома. Дваесетина беа за непочитување од работодавците. Во сите случаи постапивме и укажавме на работодавците дека мора да ја почитуваат препораката. Тоа го правиме и преку телефон, повторно за да го намалиме ризикот од ширење на болеста, но и со излегување на терен. Имаме многу јавувања од работните како да постапат по оваа препорака па сите ги упатуваме како да го остварат правото да останат дома ако имаат дете до 10 години“, изјави Аљадин Хавзиу, директор на Државниот инспекторат за труд за „А1он“.

Тој нагласи дека Инспекторатот ќе работи и двата дена од претстојниот викенд. Постапуваат секоја дојава и пријава.

„Во некои мали градови каде што не можеме да реагираме веднаш поради ограничениот капацитет, тоа го правиме следниот ден по пријавата, но не останала пријава или дојава на која не сме реагирале“, вели директорот Хавзиоу и нагласува дека за жал свеста за обврската за почтување на препораките е на многу ниско ниво.

Државниот инспекторат за труд има вкупно 113 инспектори ки викендов ќе бидат на работа, а секоа прекршување на препораките може да се пријави на телефонскиот број 151 31. Препораката еден родител на дете до 10 години да остане дома беше воведена во средата како мерка за превенција од коронавирусот откако Владата донесе одлука училиштата и градинките да бидат затворени 14 дена.

Превземено од : А1on.mk

Работничките права на Република Северна Македонија

За да го проследите видеото кликнете на следниот линк:

 

Inspektorati i punës pa kuadër të mjaftueshëm

Колку време треба да бидам пријавен во фирма за да имам право на породилно отсуство?

Игри со исплата на К-15 и прекувремена работа

ОТВОРЕНО СТУДИО 1

Posted by 1tv.mk on Среда, 16 јануари 2019

Како трудовиот инспекторат ја спречува неформалната економија?

#10Минути – Како трудовиот инспекторат ја спречува неформалната економија?

Posted by TV21 on Среда, 02 мај 2018