
ЗА РАБОТНИКОТ
Кога работиш на црно, ти си дел од сивата економија, која го кочи развојот на државата. Ти си дел од црнилото, живееш без здравствено и пензиско осигурување и не можеш да ги користиш правата од социјално и здравствено осигурување.
Секој работник при вработувањето задолжително мора да добие од својот работодавач договор за вработување и копија од правата за задолжително социјално осигурување.
Доколку немаш договор за вработување, не добиваш плата согласно колективниот договот и не ги остваруваш правата согласно законот за работните односи и колективниот договор, можеш да се заштитиш од неправилности со тоа што ќе ја пополниш пријавата за неправилности која се наоѓа на оваа страница.
СОВЕТИ
ЗА РАБОТНИКОТ
член : 59-а
,,невработеното лице кое ќе стапи на работа кај работодавач, без договор за вработување е должно за тоа веднаш писмено да го извести инспекцискиот орган“ – Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осугурување во случај на невработеност. (Сл. Весник на РМ бр. 161/2008 )