Во периодот од 29.11. до 03.12.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 219 инспекциски надзори.

Извршени беа 64 редовни инспекциски надзори кои опфаќаа надзор врз спроведување на повеќе закони за кои е надлежна оваа инспекциска служба како Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за заштита од пушење и Законот за заштита на населението од заразни болести. Исто така беа извршени 77 вонредни инспекциски надзори од кои 32  по известувања за несреќи на работа, 5 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации  и 78 контролни инспекциски надзори по истекот на рокот од изречените инспекциски мерки.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 48 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа, недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето, но и за утврдени недостатоци-неспроведени мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Беше донесено и 1 решение за забрана за работа заради непостапување по решение со наредба за утврдени недостатоци и заради утврдена непосредна опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените. На истиот работодавач и одговорно лице им биле врачени прекршочни платни налози со вкупно изречена глоба во износ од 800 евра во денарска противвредност  заради непостапување по решение со наредба од страна на инспекциската служба. Исто така, на друг работодавач и одговорно лице им биле врачени прекршочни платни налози со вкупно изречена глоба од 800 евра во денарска противвредност заради непревземена мерка од областа на безбедност и здравје при работа – немале обезбедено обука за безбедна работа на работник кој се повредил при работа.

Во текот на изминатата работна недела од 29.11. до 03.12.2021 година, државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 275 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 44 редовни надзори, 163 вонредни надзори и 68 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во овој извештаен период, издадени се 34 решенија со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 5 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена и 1 решение за одлагање од извршување на одлука.

Издадени се 7 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект и 2 барања за поведување на прекршочна постапка.​