Конвенцијата за спречување насилство и вознемирување во светот на работата на Меѓународната организација на трудот (бр.190) ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата, вклучително и вработените како што е дефинирано со националното законодавство и практика, како и лицата кои работат без оглед на нивниот договорен статус, лицата на обука, вклучувајќи практиканти и приправници, работници на кои им престанал работниот однос, волонтери, баратели на работа и апликанти за работа, и поединци кои ги извршуваат овластувањата, должностите или одговорностите на работодавачот. Оваа Конвенција се применува на сите сектори, без разлика дали се приватни или јавни, и во формалната и неформалната економија, како и во урбаните или руралните области.

Република Северна Македонија се уште ја нема ратификувано оваа Конвенција. Во тек се иницијативи преземени од социјалните партнери (Сојуз на Синдикати на Македонија а поддржана од Организација на работодавачите на Македонија) за нејзина ратификација. На седница на Економско социјалниот Совет, едногласно беше прифатена од сите социјални партнери оваа иницијатива за ратификација на Конвенцијата.

Видеото е дел од иницијативата за ратификација на Конвенција за спречување насилство и вознемирување во светот на работата (бр.190).