Во периодот од 08.11. до 12.11.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиja вкупно 220 инспекциски надзори.

Извршени се 79 редовни инспекциски надзори кои опфаќаа надзор врз спроведување на повеќе закони за кои е надлежна оваа инспекциска служба како Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за заштита од пушење и Законот за заштита на населението од заразни болести. Исто така беа извршени 110 вонредни инспекциски надзори од кои 28  по известувања за несреќи на работа, 5 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации  и 52 контролни инспекциски надзори по истекот на рокот од изречените инспекциски мерки.

Во овој извештаен период, изречени се вкупно 58 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа, недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето, но и за утврдени недостатоци-неспроведени мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Беше донесено и 1 решение за забрана за работа заради непостапување по решение со наредба за утврдени недостатоци и заради утврдена непосредна опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените. На истиот работодавач и одговорно лице им беа врачени прекршочни платни налози со вкупно изречена глоба во износ од 800 евра во денарска противвредност  заради непостапување по решение со наредба од страна на инспекциската служба.

По Законот за заштита на населението од заразни болести, заради не носење на заштитни маски од страна на вработени во затворен простор, што е спротивно на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19, врачени беа 6 прекршочни платни налози со поединечна вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност.

Во текот на овој извештаен период, државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 355 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори, извршени се 42 редовни надзори, 250 вонредни надзори и 63 контролни инспекциски надзори за утврдување на дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во овој извештаен период, издадени се 56 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 7 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 5 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.