Во периодот од 01.11. до 05.11.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 223 инспекциски надзори. Беа извршени редовни инспекциски надзори, вонредни инспекциски надзори по известувања за несреќи на работа и претставки од вработени, разни институции, здруженија, организации  и контролни инспекциски надзори по истекот на рокот од изречените инспекциски мерки. Во надзорите е извршена контрола врз спроведувањето на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за заштита од пушење, како и контрола врз спроведувањето на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 42 решенија со опомена или наредба, најголем број за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа, но и за утврдени недостатоци-неспроведени мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

На 2-ца работодавачи и нивните одговорни лица им биле врачени прекршочни платни налози со вкупно изречена глоба во износ од 1.600 евра  во денарска противвредност заради непостапување по решение со наредба од страна на инспекциската служба и заради не обезбедување на упатства за безбедно извршување на работата.

По истекот на рокот од инспекциската мерка-решение со наредба, направени се 46 контролни инспекциски надзори во кои е утврдено дека работодавачите и одговорните лица постапиле по инспекциските мерки.

Во текот на извештајниот период, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 273 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 29 редовни надзори, 182 вонредни надзори и 65 контролни инспекциски надзори за утврдување на дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во овој извештаен период, издадени се 45 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 3 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 7 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.