Во текот на изминатата работна недела од 25.10. до 29.10.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 206 инспекциски надзори. При инспекциските надзори се вршеше контрола врз спроведувањето на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа, но и контрола врз спроведувањето на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Покрај редовните инспекциски надзори, беа извршени и вонредни инспекциски надзори по претставки и по известувања за несреќи на работа.

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 63 решенија со опомена или наредба, најголем број за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа.

На еден вработен му бил врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност заради неносење на лична заштитна опрема.

Направени се исто така 45 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојбата по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во текот на изминатата работна недела од 25.10. до 29.10.2021 година, државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 387 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 46 редовни надзори, 201 вонредни надзори и 140 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија. 

Во овој извештаен период, издадени се 52 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 3 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 83 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект и 1 барање за поведување на прекршочна постапка.​