Во текот на работна недела од 04.10. до 08.10.2021 година, државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 289 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија. Од вкупниот број на надзори извршени се 33 редовни надзори, 203 вонредни надзори и 53 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле по истекот на рокот од издадените решенија. Во овој извештаен период, издадени се 32 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 9 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена. Издадени се 7 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 231 инспекциски надзори, по претставки (барања) од странки и известувања за несреќа на работа, меѓу кои и за еден случај несреќа на работа со смртни последици на градежен објект во Скопје. Во овој извештаен период, издадени се 122 решенија со опомена или наредба, најголем број за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа. Направени се исто така 26 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојабата по истекот на рокот од издадените решенија​