Директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска денес се обрати јавната презентација и расправа по однос на Нацрт-текстот на новата “Стратегија за безбедност и здравје при работа 2021-2025 и Акциски план за БЗР 2021-2023”, организирана од Министерството за труд и социјална политика.
Безбедноста и здравјето при работа како основно човечко право и основен елемент кој ја опфаќа и социјалната и здравствената димензија на принципот за одржлив развој, заедно со работната способност и благосостојба на индивидуата  е клучниот елемент за севкупен социо-економски развој на секоја земја. Една од главните законски надлежности на ДИТ е  инспекциски надзор врз примената на Законот за безбедност и здравје при работа и  правилниците  за безбедност и здравје при работа, надзор при повреди при работа, колективните повреди и несреќи при работа со смртни последици  и контрола по преставки на работникот или преставникот на работниците за безбедност и здравје при работа како и по преставки или барање на работодавачите.
За 2021 година, примарна цел ни е исполнување на годишниот план за работа на ДИТ за 2021 год. при што инспекциските надзори  се планирани во дејности кои  според анализите претставуваат дејности со најголем ризик за непочитување на законската регулатива и  согласно воспоставените приоритети и ризици во однос на постоечката состојба во РСМ со пандемијата на заразна болест COVID-19. После прогласуањето  на пандемијата од заразна болест Ковид 19 во РСМ ,активностите на Државниот инспекторат за труд се  фокусираа  и кон спроведување на мерките, уредбите, одлуките, препораките и протоколите на Владата на Република Северна Македонија за справување со пандемијата од COVID-19 согласно своите надлежности и согласно Закон за заштита на населението од заразни болести.
Од вкупниот број на инспекциски надзори за  2020 година кој е 32.116 надзори, 22.866 надзори се извршени како вонредни инспекциски надзори за спроведување на уредбите, мерките, одлуките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за справување со пандемијата од COVID-19, како и надзор врз примената на Законот за заштита на населението од заразни болести, при што беа донесени 685 решенија за отстранување на утврдени недостатоци и беа издадени 21 платен налог за утврден прекршок на Законот за заштита на населението од заразни болести. Безбедноста при работа мора да биде приоритет на сите учесници во работниот процес, како на вработените така и на работодавците. Несреќите и повредите на работа мора да се минимизираат и сведат на најмала можна бројка. Тоа сигурно е во интерес на сите нас. Сигурно никој не сака да има изгубени работни саати и повредени работници.  Само со ситематски пристап од сите релевантни чинители може да се овозможи  да несаканите  последици, како што се тешки повреди со смртни последици, повреди, професионални болести и болести поврзани со работата да се сведе на минимум, и воедно да се постигнат такви услови на работа  во која работникот би имал чувство на задоволство во вршењето на своите професионални обврски” истакна во поздравното обраќање директорката.