Во текот на изминатата работна недела од 27.09. до 01.10.2021 година, државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 269 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 32 редовни надзори, 192  вонредни надзори и 45 контролни инспекциски надзори за утврдување , дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија.

Во овој извештаен период, издадени се 48 решенија со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и идадени се 7 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 6 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Поднесено е 1 барање за поведување на прекршочна постапка заради неисплата на глоба во законскиот рок за порамнување даден во издадениот прекршочен платен налог.

Во текот на извештајниот период државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 228 инспекциски надзори, претежно надзори извршени во основните и средните училишта, по претставки (барања) од странки и известувања за несреќа на работа, меѓу кои и за еден случај несреќа на работа со смртни последици на градежен објект во Скопје.

Во овој извештаен период, издадени се 118 решенија со опомена или наредба, најголем број за утврдени неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа.

Поведена е 1 прекршочна постапка со врачување на 2 прекршочни платни налози (на работодавач и одговорно лице кај работодавачот), за неспроведена обврска на работодавачот од областа на безбедност и здравје при работа – неиспитано средство за работа на кое се повредил работник.

Направени се исто така 27 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојабата по истекот на рокот од издадените решенија.