Извештај за извршени надзори врз примената на мерките, одлуките и протоколите за спречување на ширење Ковид 19  во работните простории кај работодавачите во период 30.08.21 до 03.09.2021

Во текот на работна недела од 30.08. до 03.09.2021 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 218 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, претежно во дејностите производство,трговија на големо и мало, угостителство. Во овој извештаен период, издадени се 11 решенија со опомена или наредба за спроведување на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, како превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки и соодветни наменски протоколи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Решенијата најчесто беа издадени за:

  • Знаци и упатства со информативна содржина на влезот и во работните простории за користење на заштитна маска, дезинфекција на раце, држење на дистанца од 1,5-2 м во работниот простор
  • Одбележување на прописното растојание меѓу клиентите во работниот простор од 1,5-2 м,
  • Редовно чистење и дезинфицирање на работните површини и простори и други мерки.
  • Поставување на диспанзери (средства) за дезинфекција на раце на влез од работните простории,,

При надзорите беа затечени вработенo лицe коe не ја почитувал мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истиот веднаш му  беше врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност. Доколку вработеното лице ја плати глобата во рок од 8 дена, истото ќе плати 50% од изречената глоба, а доколку не ја плати, инспекторот ќе поднесе прекршочна пријава до надлежниот орган.

Направени се исто така 33 контролни инспекциски надзори за утврдување на состојбата по истекот на рокот од издадените решенија. 

И во наредниот период, надзорите на инспекторите ќе продолжат со засилено темпо во интерес на јавното здравје, а заради превенирање и заштита на вработените од ширење на заразната болест Ковид-19.​