Во текот на вчерашниот ден (29.07.2021 год.), државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 44 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, за спроведувањето на препораките на Владата на РСМ во услови на портокалова (алертна) фаза.

Сите инспекциски надзори се извршени во дејноста градежништво. Дел од работодавачите ги почитувале препораките на Владата, а за тие кои не ги почитувале издадени се 11 решенија со наредба да ги примената препораките во услови на тополтен бран и 8 забрани за работа во периодот од 11 до 17 часот. Направени се исто така 6 контролни инспекциски надзори, дали работодавачите ја почитуваат забраната за работа и констатирано е дека сите контролирани градилишта престанале со своите активности.

Во наредните денови, контролите на инспекторите ќе продолжат, не само во градежништвото, туку и во другите дејности кои се одвиваат на отворено и во работните простории каде заради технолошките процеси се создава зголемена температура, се’ до завршување на портокаловата фаза.