На работниот состанок, одржан на ден 14.07.2021 година во Инспекцискиот совет, меѓу претставници на Инспекцискиот совет, Државниот пазарен инспекторат, Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд се разговараше за дигитализацијата и автоматизацијата на инспекциската постапка и работењето на инспекциските служби.

Институциите се заложија за интензивна меѓусебна соработка, со цел обезбедување на потребните технички средства за отпочнување на примена на пилот софтверското решение за вршење на инспекциски надзор.