Во текот на денешниот и утрешниот ден (24 и 25.06.2021 год.) целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза.

Во овој период, активностите на Државниот инспекторат за труд ќе бидат насочени на контрола на работењето на работодавачите во ризичните дејности од негативни ефекти од топлотнитот бран: градежништво, земјоделие, транспорт, трговија на отворени пазари, работни места кои не се климатизирани или каде што има експозиција на високи температури и топлинско зрачење.

Воедно, согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:

  • Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години;
  • Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на почитување на препораките од Владата на РСМ и законските прописи од оваа област;
  • Работодавачите да извршат реорганизација на работните процеси кои се извршуваат на отворен простор за да се избегне работа на отворено во периодот од 11 до 17 часот, со цел да се заштитат вработените од директна изложеност на високи температури и/или топлинско зрачење односно неповолни микроклиматски услови;
  • Во текот на екстремно топлите денови да се остане повеќе во затворени простории ​(пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;
  • Да се носат заштитни средства за директна изложеност на сонце, да се внесува големи количини на течности, најдобро обична вода за пиење;
  • Да се следат мерките и активностите за минимизирање на евентуалните штетни ефекти од високите температури  дадени од Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство.