Комисијата за утврдување на условите кај правното или физичкото лице за вршење стручни работи од областа на безбедност при работа, ја формира Министерот за труд и социјална политика и истата е составена од 5 члена. Комисијата постапува во согласност со Правилникот за условите за вработените, организацијата, техничките и други услови кои треба да ги исполни правното или физичкото лице за вршење стручни работи („Сл.весник на РМ’’ бр.37/08).

Постапката за аплицирање на барателот започнува во Министерството за труд и социјална политика, а потоа комисијата врши вонреден инспекциски надзор во работните простории, опремата и документацијата на правното или физичко лице – барател.

Прочитајте повеќе..