Во периодот од 06 до 10.03.2023 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 143 инспекциски надзори.

Од нив 63 инспекциски надзори (37 редовни и 26 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени 38 вонредни инспекциски надзори и тоа: 37  по известувања за несреќи на работа и 1 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации.

За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени беа  вкупно 41 решенија со опомена или наредба.  По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 42 контролни инспекциски надзори.

Во овој извештаен период издадени се вкупно 3 платни налози по 30 евра во денарска противвредност со вкупно изречена глоба од 90 евра во денарска противвредност на 3 (три) вработени лица кое при инспекцискиот надзор не носело лична заштитна опрема која му е дадена од страна на работодавачот.