Во периодот од 27.02. до 03.03.2023 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 165 инспекциски надзори.
Од нив 41 инспекциски надзори (20 редовни и 21 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.
Исто така беа извршени 66 вонредни инспекциски надзори и тоа: 61 по известувања за несреќи на работа и 5 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации.
За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени беа вкупно 31 решенија со опомена или наредба. По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 58 контролни инспекциски надзори.