Во периодот од 16 до 20.01.2023 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 99 инспекциски надзори.

Од нив 40 инспекциски надзори (20 редовни и 20 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени  вонредни инспекциски надзори и тоа: 20  по известувања за несреќи на работа , 2 по претставки  од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 1 по барање од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.   

За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени беа  вкупно 21 решенија со опомена или наредба.  По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 36 контролни инспекциски надзори.

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 3 платни налози од кои 2 платни налози на работодавач и одговорно лице со вкупно изречена глоба од 3500 евра во денарска противвредност заради неизвршена обука за безбедна работа на вработен кој се повредил на работно место и 1 платен налог на вработен со вкупна изречена глоба од 30 евра во денарска противвредност заради неносење на лична заштитна опрема при извршување на своите работни задачи.