Во текот на изминатата работна недела од 16 до 20.01.2023 година, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 197 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 40 редовни надзори, 37 контролни инспекциски надзори и 120 вонредни надзори за утврдување  дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија.

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 33 решенија од кои 28 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 5 решенија со наредба за не постапување по решението со опомена.

Издадени се 4 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект, од кои за 4 правен субјект поведено е барање за поведување на прекршочна постапка.