Во периодот од 09 до 13.01.2023 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 99 инспекциски надзори.

Од нив 49 инспекциски надзори (22 редовни и 27 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени 17 вонредни инспекциски надзори и тоа: 14  по известувања за несреќи на работа , 2 по претставки  од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 1 по барање од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.

За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени беа  вкупно 30 решенија со опомена или наредба.  По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 33 контролни инспекциски надзори.

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 2 платни налози на работодавач и одговорно лице со вкупно изречена глоба од 3500 евра во денарска противвредност заради необезбедување на пристап до работно место со специфична опасност.