Во текот на изминатата работна недела од 03 до 06.01.2023 година, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 89 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 2 редовни надзори, 33 контролни инспекциски надзори и 54 вонредни надзори за утврдување  дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија.

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 15 решенија од кои 13 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 2 решенија со наредба за не постапување по решението со опомена.

Издадени се 2 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.