Во периодот од 03 до 06.01.2023 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 38 инспекциски надзори.

Од нив 13 инспекциски надзори (1 редовeн и 12 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени 9 вонредни инспекциски надзори и тоа: 8  по известувања за несреќи на работа и 1 по претставка од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации.

За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени беа  вкупно 7 решенија со опомена или наредба.  По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 16 контролни инспекциски надзори.