Во периодот од 26 до 30.12.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 148 инспекциски надзори.
Од нив 45 инспекциски надзори (11 редовни и 34 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.
Исто така беа извршени 56 вонредни инспекциски надзори и тоа: 53 по известувања за несреќи на работа од кои два за несреќи со смртни последици (двете случени во Скопје), 1 по претставка од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 2 по барање од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.
За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени беа вкупно 29 решенија со опомена или наредба. По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 48 контролни инспекциски надзори.
Во овој извештаен период, издадени се вкупно 2 платни налози на работодавач и одговорно лице со вкупно изречена глоба од 750 евра во денарска противвредност заради недоставување на потребна документација за извршување на инспекциски надзор за несреќа на работа.