Во текот на изминатата работна недела од 26 до 30.12.2022 година, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 220 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.
Од вкупниот број на надзори извршени се 31 редовни надзори, 137 вонредни надзори и 52 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле по истекот на рокот од издадените решенија.
Во овој извештаен период, издадени се вкупно 41 решенија од кои 34 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 7 решенија со наредба за не постапување по решението со опомена.
Издадени се 4 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.