Во периодот од 19 до 23.12.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 140 инспекциски надзори.

Од нив 61 инспекциски надзори (38 редовни и 23 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени 41 вонредни инспекциски надзори и тоа: 36  по известувања за несреќи на работа,  1 по претставкa од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 4 по барања од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.

За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени беа  вкупно 38 решенија со опомена или наредба. По истекот на рокот за отстранување на утврдените недостатоци и неправилности, извршени беа 38 контролни инспекциски надзори.

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 2 платни налози на  работодавач и одговорно лице со вкупна изречена глоба од 800 евра во денарска противвредност, за непревземени мерки од областа на безбедност и здравје при работа (неизвршена обука за безбедна работа,неизвршен здравствен преглед,неизготвена изјава за безбедност и неизготвено упатство за безбедна работа), утврдено при инспекциски надзор за случена повреда при работа на вработен.