Во периодот од 14 до 18 ноември 2022 год. државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 148 инспекциски надзори.

Од вкупниот број на инспекциски надзори 67  инспекциски надзори (42 редовни и 25 вонредни надзори) опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени 44 вонредни инспекциски надзори: 37 по известувања за несреќa на работа, 3 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 4 по барања  од страна на работодавачи за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.

По извршените надзори и утврдената фактичка состојба, на работодавачите им се врачени вкупно 42  решенија со наредба за утврдени недостатоци и неправилности од областа на безбедност и здравје при работа.

Во истиот период беа извршени 37 контролни надзори во кои е утврдено дека работодавачите постапиле по решенијата за утврдени недостатоци.

Во овој извештаен период поднесена е 1 прекршочна пријава од трета категорија до надлежен суд, за работодавач и одговорното лице за неизвршен здравствен преглед на работник кој се повредил на работното место.