Во периодот од 07 до 11 ноември 2022 год. државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 145 инспекциски надзори.

Од вкупниот број на инспекциски надзори 58  инспекциски надзори (37 редовни и 21 вонредни надзори) опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени 50 вонредни инспекциски надзори: 46 по известувања за несреќa на работа, 3 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 1 по барања  од страна на работодавачи за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.

По извршените надзори и утврдената фактичка состојба, на работодавачите им се врачени вкупно 38  решенија со наредба за утврдени недостатоци и неправилности од областа на безбедност и здравје при работа.

Во истиот период беа извршени 37 контролни надзори во кои е утврдено дека работодавачите постапиле по решенијата за утврдени недостатоци.

Во овој извештаен период издадени се 2 платни налози на работодавач и одговорно лице во висина од 750 евра во денарска противвредност за неизготвување на изјава за безбедност со проценка на ризик на работни места, утврдено при вонреден инспекциски надзор по известување за несреќа на работа.