Во периодот од 12 до 16 септември 2022 год. државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 135 инспекциски надзори.

Од вкупниот број на инспекциски надзори 64  инспекциски надзори (29 редовни и 35 вонредни надзори) опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени 32 вонредни инспекциски надзори: 3o по известувања за несреќa на работа од кои 1колективна несреќа во дејноста градежништво и 2 по барања  од страна на работодавачи за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.

По извршените надзори и утврдената фактичка состојба, на работодавачите им се врачени вкупно 37  решенија со наредба за утврдени недостатоци и неправилности од областа на безбедност и здравје при работа.

Во истиот период беа извршени 39 контролни надзори во кои е утврдено дека работодавачите постапиле по решенијата за утврдени недостатоци.

Во овој извештаен период издадени се 4 платни налози од кои 2 на работодавач и одговорно лице за непријавување на градежни работи во висина од 500 евра во денарска противвредност и 2 платни налози на работодавач и одговорно лице за неизвршен здравствен преглед во овластена здравствена установа на повредениот работник, во висина од 1400 евра во денарска противвредност. Во овој извештаен период поднесена е и 1 кривична пријава за работодавач кој ангажирал непријавни работници кои работеле на градежен објект и при несреќа на работа и двајцата се здобиле со повреди со смртни последици, а исто така работодавачот претходно не ги превземал мерките од областа на безбедност и здравје при работа.