Во периодот од 05 до 09 септември 2022 год. државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 124 инспекциски надзори.

Од вкупниот број на инспекциски надзори 52  инспекциски надзори (27 редовни и 25 вонредни надзори) опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени 37 вонредни инспекциски надзори: 31 по известувања за несреќa на работа од кои 1 е со смртни последици во дејноста трговија на големо и мало, 4 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 2 по барања  од страна на работодавачи за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.

По извршените надзори и утврдената фактичка состојба, на работодавачите им се врачени вкупно 36  решенија со наредба за утврдени недостатоци и неправилности од областа на безбедност и здравје при.

Во истиот период беа извршени 35 контролни надзори во кои е утврдено дека работодавачите постапиле по решенијата за утврдени недостатоци.

Во овој извештаен период издадени се 4 платни налог на вработени кои не ја користеле личната заштитна опрема при работењето, во висина од 30 евра во денарска противвредност.