Во периодот од 29 август до 02 септември 2022 год. државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 130 инспекциски надзори.

Од вкупниот број на инспекциски надзори 51  инспекциски надзори (33 редовни и 18 вонредни надзори) опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени 37 вонредни инспекциски надзори: 30 по известувања за несреќa на работа од кои 1 е колективна несреќа на работа и 7 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации.

По извршените надзори и утврдената фактичка состојба, на работодавачите им се врачени вкупно 29  решенија со наредба за утврдени недостатоци и неправилности од областа на безбедност и здравје при работа и 1 решение за забрана за работа во дејноста градежништво за небезбедни услови за работа.

Во истиот период беа извршени 42 контролни надзори во кои е утврдено дека работодавачите постапиле по решенијата за утврдени недостатоци.

Во овој извештаен период издаден е 1 платни налог на вработен кој не ја користел личната заштитна опрема при работењето, во висина од 30 евра во денарска противвредност.