Државниот инспекорат за труд согласно своите надлежности на ден 19.08.2022 година продолжи со  вонредните инспекциски надзори, согласно прогласената  портокалова фаза на опасност од високи температури на целата територија на Република Северна Македонија

Државните инспектори за труд на ден 19.08.2022 година  извршија вкупно 81 инспекциски надзори, од вкупно извршените надзори 60 се вонредни, а 21 се контролни инспекциски надзори. Изречени се вкупно 27 инспекциска мерка и тоа 16 решенија со наредба  за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и 10 решенија за забрана за работа за утврдено непочитување на препораките односно затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот и 1 инспекциска мерка опомена.

Државниот инспекторат за труд Ве известува дека  согласно одлукитe на Владата на Република Северна Македонија препораките на Министерството за здравство кои се однесуваат за граѓаните и работодавачите во услови на тополотен бран беа во важност во период 18 – 19.08.2022 година.