Во периодот од 18 и 19 август 2022 год. прогласена е портокалова фаза на опасност од високи температури на целата територија на Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија на 70-та седница, ги усвои препораките на Министерството за здравство кои се однесуваат за граѓаните и работодавачите во услови на тополотен бран.

Државниот инспекорат за труд во овој период ке врши  вонредни инспекциски надзори со цел проверка дали се почитуваат препораките за превенција и заштита на вработените при работа во услови на топлотен бран во корелација со законската регулатива од областа на трудот.

На 18.08.2022 год. Државните инспектори за труд извршија вкупно 64 инспекциски надзори. Надзорите се вршени во дејностите каде работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови, односно директна изложеност на високи температури на отворено или каде во текот на работењето се изложени на топлинско зрачење.

Од вкупно извршените 64 инспекциски надзори 56 се вонредни, а 8 се контролни инспекциски надзори. Изречени се вкупно 21 инспекциски мерки и тоа 18 решенија со наредба  за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и 3 решенија за забрана за работа за утврдено непочитување на препораките односно затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот.

Државниот инспекторат за труд апелира до работодавачите и вработените  да се почитуваат препораките за превенција и заштита во услови на топлотен бран и ја известува јавноста дека  ке продолжи со вршење вонредни инспекциски надзори за работа во услови на топлотен бран и на 19.08.2022 година.