На ден 14.08.2022 година во соработка со овластени полициски службеници од Единицата на интервентна полиција при МВР на РСМ, извршени се 12 вонредни инспекциски надзори со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат за забрана за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени во Законот за работни односи .

Надзорите се извршени на подрачјето на Општина Чаир по претходни поднесени пријави од граѓани и ССМ во кои се изнесени наводи дека работодавачите не ги почитуваат законските одредби за недела неработен ден.

Од вкупно извршените надзори изречени се 12 инспекциски мерки:

  • Вкупно 8 (осум) решенија забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена и
  • Вкупно 3 (три) решенија наредба за засновање на работен однос со затекнатите работници без регулиран работен однос, вкупно 4 (четири)
  • Издадено е 1 (едно) решение – опомена за регистрирање на неригистрирана дејност согласно Законот за забрана на вршење на неригистрирана дејност.

Издадени се вкупно 25 прекршочни платни налози за кои што глобата ќе биде дефинирана согласно големината на правниот субјект, кои ќе се движат во распон од 200 до 600 евра во денарска противвредност.

На територија на Битола и Прилеп во текот на 13.08.2022 и 14.08.2022 година извршени се 4 инспекциски надзори во координација со други инспекциски служби и овластени службени лица од МВР на РСМ, кадешто се издадени 3 инспекциски мерки наредба по чл.259 односно решение за засновање на работен однос на затекнатите работници без регулиран работен однос и за сторениот прекршок издадени се прекршочни платни налози.

На територија на Струмица на ден 14.08.2022 во соработка со овластени службени лица од МВР на РСМ и инспекторите од трудова инспекција, направен е координиран надзор кај 1 правен субјект и истиот е задолжен да достави документација по чл.10 ст.3 од ЗИТ.

Државниот инспекторат за труд ќе продолжи и понатаму со активностите со цел заштита на правата на работниците, а заради поголема ефикасност на надзорите ќе продолжи и соработка со претставниците на МВР кои што покажаа висок професионализам како логистичка поддршка на инспекторите во вршењето на инспекциските надзори.