Во текот на изминатата работна недела од 08.08 до 12.08.2022 год, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 182 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 63 редовни надзори, 75 вонредни надзори и 32 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле по истекот на рокот од издадените решенија, исто така постапено и по 12 претставки поднесени од работници против работадавачи

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 23 решенија од кои 17 решениja со опомена за утврдени неправилности и недостатоци по различни основи од Законот за работни односи и 5 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се и 6 покани за порамнување за недостатоци од областа на работните односи.