Во периодот од 1 до 5 август 2022 год. државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 99 инспекциски надзори.
Од вкупниот број на инспекциски надзори 39 инспекциски надзори (21 редовни и 18 вонредни надзори) опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушење.
Исто така беа извршени 23 вонредни инспекциски надзори по известувања за несреќa на работа.
По извршените надзори и утврдената фактичка состојба, на работодавачите им се врачени вкупно 24 решенија со наредба за утврдени недостатоци и неправилности од областа на безбедност и здравје при работа. По истекот на рокот за постапување, беа извршени 37 контролни инспекциски надзори.
Во овој извештаен период издадени се 5 платни налози со вкупна глоба од 1040 евра во денараска противвредност, од кои 2 на работодавач и одговорно лице кај работодавачот со висина на глобата од 950 евра во денарска противвредност заради сторен прекршок-пред започнување со градежни работи не го известиле Државниот инспекторат за труд за местото каде ќе се изведуваат градежните работи (обврска согласно чл.23 став 2 од Законот за безбедност и здравје при работа) и 3 платни налози на вработени за неносење лична заштитна опрема со висина на глобата од 30 евра во денарска противвредност. Исто така, поднесена е и 1 кривична пријава за работодавач кој не ги превзел мерките за безбедност и здравје при работа, по случена тешка несреќа на работа.