Во периодот од 23 до 29 јули 2022 год. државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 222 инспекциски надзори. Во периодот од 21 до 27 јули 2022 год. беше прогласена портокалова фаза на опасност од високи температури на целата територија на Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија на седница, ги усвои препораките на Министерството за здравство кои се однесуваат за граѓаните и работодавачите во услови на тополотен бран.

Надзорите претежно беа вршени во дејностите каде работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови, односно директна изложеност на високи температури на отворено или каде во текот на работењето се изложени на топлинско зрачење, но истовремено беа вршени и надзори по Годишниот план за работа на Државниот инспекторат за труд.

Од вкупниот број на инспекциски надзори 113 инспекциски надзори (25 редовни и 88 вонредни надзори) опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа.

Исто така беа извршени 49 вонредни инспекциски надзори: 47 по известувања за несреќa на работа од кои за 1 колективна несреќа со 2 смртни случаи,  1 по барање од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл. и  1 по претставка од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации.

По извршените надзори и утврдената фактичка состојба, на работодавачите им се врачени вкупно 36 решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран, како и за утврдени недостатоци и неправилности од областа на безбедност и здравје при работа и 6 решенија за забрана за работа за уврдено непочитување на препораките односно затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од  11 до 17 часот.

Исто така беа извршени 60 контролни надзори во кои е утврдено дека работодавачите ги почитувале претходно добиените решенија за забрана за работа или дека постапиле по решенијата за утврдени недостатоци.

Во овој извештаен период издадени се 2 платни налога на микро работодавач и одговорно лице кај работодавачот со висина на глобата од 500 евра во денарска противвредност заради сторен прекршок-пред започнување со градежни работи не го известиле Државниот инспекторат за труд за местото каде ќе се изведуваат градежните работи (обврска  согласно чл.23 став 2 од Законот за безбедност и здравје при работа).