Државните инспектори за труд на ден 27.07.2022 година  извршија вкупно 40 инспекциски надзори, од нив 25 се извршени во дејноста градежништво, а останатите во другите дејности.

Од вкупно извршените 40 инспекциски надзори 23 се вонредни а 17 се контролни инспекциски надзори. Изречени се вкупно 3 инспекциски мерки и тоа 1 решение со опомена,  1 решение со наредба  за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и 1 решениe за забрана за работа за утврдено непочитување на препораките односно затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот.

Државниот инспекторат за труд Ве известува дека  согласно одлукитe на Владата на Република Северна Македонија препораките на Министерството за здравство кои се однесуваат на ранливите категории на граѓани и работодавачите во услови на тополотен бран беа во важност во период 21 – 27.07.2022 година.