Во периодот од 18 до 24 јули 2022 год. државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 282 инспекциски надзори.

Од нив 230 инспекциски надзори (42 редовни и 188 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушење, како и почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија во услови на прогласена портокалова фаза на територија на целата држава.

Исто така беа извршени 34 вонредни инспекциски надзори: 28 по известувања за несреќa на работа, од кои 1 колективна несреќа и 2 смртни случаи во дејноста земјоделие и градежништво и  6 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 135 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и 16 решенија за забрана за работа, сите во дејноста градежништво-дејност каде работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови, односно директна изложеност на високи температури на отворено или каде во текот на работењето се изложени на топлинско зрачење. Забраните за работа се изречени заради непочитување на препораките на Владата на РСМакедонија, односно за одвивање на активности во периодот од 11 до 17 часот.

По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, извршени се 80 контролни инспекциски надзори.