Бидејќи целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со високи температури од алертна и портокалова фаза во текот на следните денови, почнувајќи од четврток 21.07. до 24.07.2021 година, ДИТ ги известува работодавачите  дека согласно своите надлежности ќе врши засилени инспекциски контроли особено кај работодавачи кои својата дејност ја вршат на отворен простор во период од 11 часот до 17 часот , при  директно изложување на сонце со високи температури, топлинско и УВ зрачење а особено во градежништво, земјоделие, комунална хигиена, трговија на отворено и др. а се со цел следење на состојбата со почитување на препорачаните мерки од страна на Влада на РСМ и согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Известување за топлотен бран и препораки