Во периодот од 13.06. до 17.06.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 137 инспекциски надзори.

Од нив 55 инспекциски надзори (35 редовни и 20 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушење .

Исто така беа извршени 43 вонредни инспекциски надзори: 38 по известувања за несреќa на работа, 4 по претставка од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 1 по барање од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 40 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето и 1 забрана за работа во дејноста рударство.

По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, извршени се 39 контролни инспекциски надзори.