Во периодот од 06.06. до 10.06.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 175 инспекциски надзори.

Од нив 92 инспекциски надзори (59 редовни и 33 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушење .

Исто така беа извршени 39 вонредни инспекциски надзори: 38 по известувања за несреќa на работа од кои 1 со смртни последици во дејноста градежништво и 1 по претставка од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 55 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето.

По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, извршени се 44 контролни инспекциски надзори.