Во периодот од 30.05. до 03.06.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 134 инспекциски надзори.

Од нив 63 инспекциски надзори (33 редовни и 30 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушење .

Исто така беа извршени 16 вонредни инспекциски надзори: 13 по известувања за несреќa на работа, 2 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 1 по барање од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 26 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето.

По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, извршени се 55 контролен инспекциски надзор.