Во периодот од 23 до 27.05.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 112 инспекциски надзори.

Од нив 66 инспекциски надзори (32 редовни и 34 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушење .

Исто така беа извршени 18 вонредни инспекциски надзори: 11 по известувања за несреќa на работа, 5 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 2 по барање од страна на работодавачи за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 26 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето.

По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, извршени се 28 контролен инспекциски надзор.

За утврдени недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа, поднесена е 1 прекршочна пријава за прекршок од прва категорија од Законот за безбедност и здравје при работа до Прекршочната комисија при Министерството за труд и социјална политика против работодавач и одговорно лице кај работодавачот, со вкупна глоба од 800 евра во денарска противвредност.