Ве информираме дека Државниот инспекторат за труд активно врши редовни и вонредни инспекциски надзори заради доследна примена на одредбите од Зконот за работни односи и Законот за трговија.

Заради поголема контрола врз спроведување на законските одредби и исплата на додаток на плата за работа во недела извршени се вкупно 143 инспекциски надзори во 9 региони на територијата на РСМ од страна на инспекторите по работни односи.

При инспекциските надзори утврдени се неправилности за исплата на додаток на плата за работа во недела кај 14 работодавачи при што донесени се инспекциски мерки опомена.

Во прилог листа на правни субјекти кои не исплатиле додаток на плата за работа во недела.

Листа на субјекти