Во периодот од  03 до 06.05.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршија вкупно 133 инспекциски надзори.

Од нив 61 инспекциски надзори (29 редовни и 32 вонредни надзори)кои опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушење Законот за заштита од пушењето. При некои инспекциски надзори беше вршена контрола врз спроведувањето на повеќе закони истовремено за кои е надлежна оваа инспекциска служба како Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за заштита од пушење, Законот за заштита на населението од заразни болести, Закон за постапување по претставки и предлози, Закон за приватните агенции за вработување и други закони и подзаконски акти.

Исто така беа извршени  вонредни инспекциски надзори и тоа: 17  по известувања за несреќи на работа од кои 1 смртен случај во преработувачка индустрија, 4 надзори за спроведување на мерки,одлуки на Владата на РСМ за заштита на населението од заразни болести и 1 по барање од работодавач за потребите на Царина на РСМ.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 33 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето .

По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, извршени се 50 контролни инспекциски надзори.