Во текот на изминатата работна недела од 02.05. до 06.05.2022 година, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 195 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 59 редовни надзори, 103 вонредни надзори и 33контролни инспекциски надзори за утврдување  дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија.

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 49 решенија од кои 45 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци  по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 3 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена и 1 решенија за забрана за работа во недела во траење од 15 дена.

Издадени се 2 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект од кои за 1 работодавач поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка