Во периодот од 21.03. до 25.03.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 181 инспекциски надзори.

Од нив 100 инспекциски надзори (60 редовни и 40 вонредни надзори)кои опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето, а 8 инспекциски надзори опфаќаат контрола врз спроведувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести. При некои инспекциски надзори беше вршена контрола врз спроведувањето на повеќе закони истовремено за кои е надлежна оваа инспекциска служба како Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за заштита од пушење и Законот за заштита на населението од заразни болести.

Исто така беа извршени 28 вонредни инспекциски надзори и тоа: 22  по известувања за несреќи на работа меѓу кои за 1 смртен случај, 2 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 4 по барања од правни субјекти за исполнети услови од областа на безбедност и здравје при работа.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 54 решенија со опомена или наредба за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа, недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето, но и за утврдени недостатоци-неспроведени мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, извршени беа 45 контролни инспекциски надзори.