Во периодот од  14.03. до 18.03.2022 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 192 инспекциски надзори.

Од нив 96 инспекциски надзори опфаќаат контрола врз спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето, а 18 инспекциски надзори опфаќаат контрола врз спроведувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести. При некои инспекциски надзори беше вршена контрола врз спроведувањето на повеќе закони истовремено за кои е надлежна оваа инспекциска служба како Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за заштита од пушење и Законот за заштита на населението од заразни болести.

Исто така беа извршени  вонредни инспекциски надзори и тоа: 12  по известувања за несреќи на работа, 5 по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и 2 по барања од правни субјекти за исполнети услови од областа на безбедност и здравје при работа.

Во овој извештаен период, изречени беа  вкупно 63 решенија со опомена, наредба и забрана за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа, недостатоци согласно Законот за заштита од пушењето, но и за утврдени недостатоци-неспроведени мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Од нив 62 решенија се со опомена или наредба, а 1 решение е за забрана на градилиште за изведување на градежни работи до обезбедување на безбедни услови за работа. По истекот на рокот на изречените инспекциски мерки, извршени беа 59 контролни инспекциски надзори.